Извештај
за активностите на Друштвото на физичарите во периодот јануари 2005
до јануари 2007 година
2005
година
Генералното
собрание на Организацијата на Обединетите Нации 2005 година ја прогласи
за Светска Година на Физиката. Како повод беше искористена стогодишнината
од теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн. По тој повод сите
активностите кои беа организирани во текот на таа година го носеа
знакот на Светската година. Отворањето на оваа манифестација беше
на 24.02.2005 година со отворање на изложба под наслов Ајнштајновата
чудесна 1905 година. Постановката беше изложена во просториите на
Народната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски во Скопје
и траеше до 4. март 2005 година.
Изложбата беше понудена на сите училиштата и градовите кои беа заинтересирани
и каде што имаше услови таа да се однесе. Така, во текот на оваа
година изложбата беше поставена и во неколку училишта низ Скопје,
Струмица, Берово, Валандово, Виница, Велес и Струга. Онаму каде
што имаше можност, таа гостуваше во проширена форма, односно со
неа одеше и една мала лабораторија, во која посетителите можеа да
видат интересни експерименти и демонстрации.
Таа година
регионалните натпревари по физика за учениците од основните и средните
училишта се одржаа на 16. април. На натпреварите учествуваа околу
400 ученици од целата држава. Како и секоја година, натпреварувачите
кои го освоија минимумот пропишан со правилникот на натпреварите
земаа учество на Републичкиот натпревар, кој се одржа на 28. мај
во Скопје.
На 18. април
во вечерните часови една група од 23 членови на Друштвото земаа
учество во меѓународната активност под наслов Физиката го просветлува
светот, која беше дел од Светската година на физиката. По тој повод,
светлината која се пренесуваше низ целиот свет, од наша страна беше
превземена од колегите од Бугарија и беше предадена на колегите
од Албанија.
На 20. април
во просториите на ПМФ беше одржана презентација на можностите кои
ги нуди издаваштвото на IoP, под наслов An Introduction to IOP Publishing
& Electronic resources По тој повод гостин беше Јан Аморо (Yann
Amouroux) од Institute of Physics Publishing, од Бристол, Обединетото
Кралство.
Во соработка
со Францускиот културен центар во Скопје, на 20. мај беше организирано
предавање, на кое гостинот предавач д-р Жил Богарт (Gilles Bogaert)
од Париската политехничка школа (Ecole Polytechnique, Paris) одржа
предавање под наслов Тајните на Вселената: црни дупки, комети, галаксии,
квазари. Предавањето се одржа во просториите на Институтот за физика
на Природно-математичкиот факултет. Истиот ден во салата на Клубот
на пратеници беше организирано предавање, на кое д-р Кристоф Грожан
(Christophe Groejan) од CNRS збореше на тема Нови теории за раѓањето
на Вселената.
На 17. јуни
д-р Дан Цензор (Dan Cenzor) од Бен Гурион Универзитетот од Негев,
Израел, одржа предавање на тема од релативистичка динамика (Relativistic
Electrodynamics: Various Postulate and Ratiocination Frameworks).
Во јули
македонската репрезентација составена од два члена, зема учество
на 36. Oлимпијада по физика, која се одржа во Саламанка, Шпанија.
Оттаму еден од натпреварувачите се врати со освоена пофалница.
Во текот
на септември на плоштадот Македонија беше поставена мобилна лабораторија
(темна комора), во која минувачите можеа да влезат и да набљудуваат
некои интересни оптички ефекти. Наши активисти ги анимираа посетителите.
Оваа лабораторија,
заедно со изложбата Ајнштајновата чудесна 1905 година беа поставени
во хотелот Дрим во Струга, во рамките на Третиот конгрес на математичарите
на Македонија.
Од 13. до
15. октомври се одржа 30. Школа Млади Физичари под наслов Ајнштајновата
чудесна 1905 година. На Школата земаа учество 240 слушатели од средните
училишта од целата земја. Во рамките на Школата меѓу другите, предавање
одржа и д-р Питер Мелвил од IoP. Традиционално на крајот од Школата
беше организиран квиз за учесниците.
Конечно,
манифестацијата Светска година на физиката беше затворена со изложба
која беше организирана заеднички со Друштвото за македонско и германско
пријателство под наслов Германија видена низ наши очи и Алберт Ајнштајн-живот
и дело.
Дополнително,
во текот на целата година, на Македонската Телевизија во рамките
на училишната програма Ѕвон, секој понеделник одеа прилози посветени
на физиката и беше организирана наградна игра.
Во текот
на 2005 година беа отпечатени следниве изданија:
1. Ајнштајновата
чудесна 1905 година, од група автори
2. Ајнштајн и по него, збирка предавања од 30. Школа Млади физичари
3. Алберт Ајнштајн-светлина за поколенијата, Ѓорѓи Ивановски
4. Импулс, часопис, двоброј 51/52
2006
година
Од страна на Организацијата на Обединетите Нации оваа година беше
прогласена за Година на Никола Тесла.
Стандардно,
регионалните натпревари по физика за учениците од основните и средните
училишта беа одржани во април месец, додека пак републичкиот натпревар
се одржа во мај. Оваа година беа направени пообемни подготовки на
екипата која ја претставуваше Македонија на 37. Меѓународна Олимпијада
по физика во Сингапур. Беа одржани часови со теориска подготовка,
нумерички и лабораториски вежби и мала олимпијада. На Олимпијадата
учествуваа пет натпреварувачи од Македонија. За жал ниту еден не
освои никаква награда.
По повод
Годината на Никола Тесла, Друштвото на физичарите на Република Македонија
прогласи Денови на Никола Тесла. Тие започнаа со распишување на
Конкурс за есеј и експеримент инспирирани од животот и делото на
Никола Тесла.
На Конкурсот
пристигнаа 10 експерименти и 168 есеи од ученици од основните и
средните училишта од Македонија. Во дисциплината есеј инспириран
од животот и делото на Никола Тесла беа наградени по еден есеј во
конкуренција на основни и средни училишта. Во дисциплината експеримент
инспириран од животот и делото на Никола Тесла, во конкуренција
на основни училишта беа доделени една прва и една трета награда.
Во конкуренција на средни училишта беа доделени една прва и две
втори награди.
Од 14. до
17. септември се одржа Шестата Конференција на физичарите од Република
Македонија. Работата на Конференцијата беше организирана во пет
секции и тоа:
1. физика
на нови материјали,
2. екологија, метеорологија и астрономија,
3. математичка и теориска физика,
4.образование по физика и
5. биофизика и медицинска физика.
На Конференцијата
беа одржани пет пленарни предавања, 38 сооштенија и 12 постерски
презентации. Освен од Македонија, на Конференцијата имаше 13 учесници
од странство (Израел, Турција, Бугарија, Србија, Италија, Полска).
Посебно би сакал да потенцирам дека на Конференцијата земаа учество
и 8 наставници по физика од основните и средните училишта од Македонија
со свои соопштенија.
Во ноември
беше организирана 31. Школа Млади физичари под наслов Физиката и
Никола Тесла. По тој повод на отворањето на Школата присуствуваа
амбасадорите на САД, Република Србија и Република Хрватска, ректорот
на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и заменикот министер за образование
и наука на Република Македонија. Тие ги доделија наградите на победниците
од Конкурсот за есеј и експеримент инспирирани од животот и делото
на Никола Тесла.
Во текот
на 2006 година беа отпечатени следниве изданија:
1. Никола
Тесла-ненадминат гениј, д-р Мирјана Јоноска
2. Физиката и Никола Тесла, збирка предавања од 31. Школа Млади
изичари.
3. При крај е издавањето на Билтенот на Друштвото и Импулс 53. Добиена
е дозвола за дистрибуција на Импулс од МОНРМ за следните две години.
|